Потпишан договорот со „Дрекслмајер“

Bez autora
Jul 17 2012

Претставници на германската компанија „Лиза Дрекслмајер“ и министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак вчера во Владата, во присуство на премиерот Никола Груевски и вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, потпишаа договор за изградба на фабрика во Kавадарци за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија. Ова е најголемата германска гринфилд-инвестиција досега во Република Македонија, а вкупната вредност на овој инвестициски проект изнесува над 35 милиони евра. Според деловниот план, „Дрекслмајер“ ќе инвестира над 17 милиони евра и ќе вработи 4.000 граѓани во текот на првите пет години. Нивниот локален партнер од Македонија ќе инвестира во изградба на врвна фабрика од околу 52.000 квадратни метри, која ќе биде дадена на користење на ДДМ „Дрекслмајер мануфактуринг Македонија“ преку долгорочен лизинг.

Потпишан договорот со „Дрекслмајер“Претставници на германската компанија „Лиза Дрекслмајер“ и министерот задолжен за привлекување странски инвестиции Веле Самак вчера во Владата, во присуство на премиерот Никола Груевски и вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, потпишаа договор за изградба на фабрика во Kавадарци за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија.

Ова е најголемата германска гринфилд-инвестиција досега во Република Македонија, а вкупната вредност на овој инвестициски проект изнесува над 35 милиони евра. Според деловниот план, „Дрекслмајер“ ќе инвестира над 17 милиони евра и ќе вработи 4.000 граѓани во текот на првите пет години. Нивниот локален партнер од Македонија ќе инвестира во изградба на врвна фабрика од околу 52.000 квадратни метри, која ќе биде дадена на користење на ДДМ „Дрекслмајер мануфактуринг Македонија“ преку долгорочен лизинг.

Министерот Самак рече дека е голем успех што во конкуренција со земји од регионот компанијата се одлучи за нашата земја.

- Отворањето нови 4.000 работни места и голем број индиректни работни места ќе има исклучително позитивен ефект не само за Kавадарци туку и за Неготино, Градско, Велес, па дури и за Прилеп. Извозот ќе се зголеми за околу 139 милиони евра секоја година, што ќе го подобри трговскиот биланс со над 25 милиони евра, посебно кон Германија - истакна Самак.

Со овој инвестициски проект на „Лиза Дрекслмајер“ Македонија официјално влегува на листата со земји-набавувачи на врвниот автомобилски производител, германскиот гигант „Дајмлер груп“, а крајните производи од оваа фабрика ќе бидат наменети за новиот модел на „мерцедес Ц“.

Групацијата „Дрекслмајер“ е германска компанија од областа на автомобилската индустрија со околу 40.000 вработени, 56 производни капацитети во повеќе од 21 земја во светот и обрт од околу 3 милијарди евра годишно. Таа произведува делови за најголемите производители на автомобили какви што се и „бмв“, „ауди“, „фолксваген“ и други.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik